Најмалото мече од видот џиновска панда се роди во вторникот во Ченгду, во кинеската провинција Сичуан.

Според Истражувачката база за џиновски панди во Ченгду, женското мече има тежина приближно колку едно просечно кокошкино јајце.

Осумгодишната панда мечка Ченгда роди две женски мечиња.

Пред овој настан, најмалечкото панда мече беше Вуји, мажјак панда кој тежеше 51 грам кога се роди на 7 август 2006 година во истиот истражувачки центар, објави Чајна дејли.

Панда мечките беа на раб на изумирање, па раѓањето на секое панда мече е вистински светски настан.