Светските медиуми за изгласувањето на Уставните измени/Видео

74

За синоќешното изгласување на уставните измени информираат многу светски медиуми. Во вестите медиумите наведуваат дека со 81 глас „За“ , Парламентот ги изгласа уставните измени за промена на името во Република Северна Македонија. Со тоа, како што наведуваат се решава деценискиот спор со Грција, а на земјата и се овозможува Евроатлантска перспектива.

Медиумите наведуваат дека изгласувањето во Парламентот доби поддршка од лидерите на ЕУ и НАТО.