Светските дизајнери го кажаа својот збор за следната година: Природно, комфорно како во вистински дом

91

Во домовите сите ние сакаме релаксирачка и смирувачка околина, како онаа во природата, па хит ќе бидат цветен, дрвен ентериер и тонови кои не потсетуваат на природата

Годината што завршувa беше тешка за сите нас и сите едвај чекаме да заврши. Заради пандемијата, нашиот живот се пресели во нашата куќа и сите се погриживме тој простор да го направиме поудобен и уреден, барем на некој начин. Без разлика дали е заради карантинот или затоа што сме се префрлиле на работа oд дома и моравме да импровизираме некој вид канцеларија дома, сите се свртевме малку кон украсување на домот, ситни поправки, хоби „направете го тоа сами“, реновирање и подобрување на просторот. Никој не ни гарантира дека следната година ќе ја поминеме целосно безбедно, но им се радуваме на новите трендови. Оваа година беше стресна за секого, па забележлив е трендот на враќање на природен и одржлив начин на живот, кој ќе продолжи и во 2021 година.

Бои

Враќањето на природата во ентериерите се постигнува не само со растенија, кои сè уште се голем тренд, туку и со бои. Една од најпопуларните следната година ќе биде темнозелена, а тука е и смирувачката класична сина боја. Оваа година не бевме во можност да уживаме во брановите на синото море, а ситуацијата за следното лето не е многу ветувачка. Но, никој не нè спречува да уживаме во нашиот дом во егејско сино и да ги одмориме очите. Егејско сина или уште наречена тиркизна бојата е боја помеѓу сината и зелената во потемен. Оваа темна тиркизна боја му дава софистициран изглед на просторот. Без разлика дали ќе се решите да ја обоите целата просторија во ваква боја или само за поединечен детаљ, ќе придонесете за внатрешноста да изгледа украсена со вкус, сериозно и промислено. Освен нив, кралица на годината ќе биде сивата – во сите нијанси. Безвременска, софистицирана и елегантна, исто како неутралните тонови, кои никогаш не излегуваат од мода. Виолетова, жолта, портокалова, боја на лаванда се бои кои се во тренд неколку години кога станува збор за дизајнот на ентериерот, а ќе доминираат и во 2021.

Ентериер

Присуството на природни материјали во ентериерот е сè уште топ тема.  Заедно со минатогодишниот сеприсутен даб, оваа година акцентот е ставен на егзотичното розово дрво. Апсолутен хит ќе бидат комоди изработени од дрво и темен метал, потоа дрвени маси со метални ногарки, и ако станува збор за фотелји – тогаш тоа е кожа со метален ефект. За духот на гламурот, кој е многу нагласен, рамката во боја на старо злато на одредени парчиња мебел е исто така добредојдена. Сцени од егзотични џунгли, џиновски лисја, необични цвеќиња со светли бои и цветни дезени ќе доминираат кај ентериерите. Неутрални тонови и заоблен мебел, ќе бидат хит на сезоната. Затоа во 2021 година, софи и фотелји со такви форми ќе бидат популарни – инспирирани од мебелот од 60-тите години, кои ќе биде тапацирани со ткаенина, наместо од претходниот сензуален плиш. (M.A.)