Крајот на кариерата на Жак во атлетиката бил во голема мера засенет од зависноста од дрога и тој бил невработен од неодамна. Му требале пари за живот, па направил сомнителни познанства во криминалниот свет, пишуваат јужноафриканските медиуми

Жак Фрајтаг, поранешен светски шампион во скок во височина, е пронајден мртов во близина на гробиштата во Преторија, Јужна Африка. Оваа вест ги вознемири сите љубители на атлетиката ширум светот, особено што не беа познати деталите и околностите под кои го загуби животот.

Според првиот полициски извештај, телото на познатиот спортист било фрлено на гробиштата, каде што наводно бил застрелан. Исчезнал од куќата пред 17 дена.

Крајот на кариерата на Жак во атлетиката бил во голема мера засенет од зависноста од дрога и тој бил невработен од неодамна. Му требале пари за живот, па направил сомнителни познанства во криминалниот свет, пишуваат јужноафриканските медиуми. Како резултат на тоа, трупот на спортистот со прострелни рани бил фрлен на гробиштата.

Мајката на јужноафриканскиот спортист изјави дека ноќта на 17 јуни, во неговата куќа дошло непознато лице и понудило некаква работа. Фрајтаг побегнал со него и исчезнал. Сестрата на спортистот го вклучи алармот, повикувајќи ги медиумите да организираат потрага по него. За жал, оваа кампања заврши со крвав труп на гробиштата Зандфонтејн.

Поранешната спортска ѕвезда била застрелана повеќе пати, изјави портпаролката на јужноафриканската полиција, Бренда Муридили. Сè уште не е познат мотивот за убиството.

– Воопшто не бевме блиски последниве неколку години. Јас сум самохрана мајка и морав да се грижам за моите деца и да ги заштитам. А, брат ми најчесто беше под дејство на дрога. Откако се повлече од спортот во 2013 година, понекогаш спиеше на улица и водеше асоцијален живот – изјави сестрата на Фрајтаг за „Африканс“.

Во соопштението на полицијата во Преторија се вели:

– Семејството на починатиот сè уште го нема идентификувано телото. Никој не е уапсен, но истражителите ги проверуваат трагите.