Светска банка: На економијата и треба долго време за да се врати како пред пандемијата

32

Опоравувањето на глобалната економија од коронавирусот ќе биде многу бавно, изјави високиот економист на Светска банка, Патрик Кирби.

Според него, стапката на раст можеби никогаш нема да се врати на нивото пред пандемијата.

„Веруваме дека за неколку години ќе останеме под нивите од 2019 година и скоро никогаш нема да ги достигнеме стапките на раст што беа пред тоа“, рече Кирби.

Според економистите, ситуацијата во многу земји низ светот може да се спореди со „најлошите“ последици од финансиската криза во периодот 2008-2009 година. И тоа и покрај позитивните резултати од третиот квартал, додаде Кирби.

Тој, исто така, рече дека како што започнува да се шири вториот бран на пандемијата Ковид-19 во многу земји, а глобалното закрепнување е релативно бавно, централните банки ќе бидат принудени да ги одржуваат ниските клучни стапки.