Пред нешто повеќе од една година многумина инволвирани во бодибилдингот и фитнесот од целиот свет слушнаа за Македонија, а сето тоа благодарение на Мери Акиевска, која ги засени своите конкуренти на Светското првенство во Санта Сузана – Шпанија.
Оваа 24 – годишна девојка од Крива Паланка, од овој шампионат се врати со три златни медали и две апсолутни титули во сениорска конкуренција. Но, Мери направи голем успех и минатата година на едно од најпрестижните натпреварувања во бодибилдинг и фитнес – Арнолд Класик, од каде исто така се врати со златниот медал во својата конкуреција.
Но, нејзината глад за успех се уште нестивнува, бидејќи веќе уште од почетокот на годината ги почна подготовките за новиот настап на светскиот шампионат и Арнолд Класик, натпреварувања кои ќе се одржат на крајот од оваа година. За подобро да се подготви за овие натпреваривања, Мери заедно со совјот тренер Бобан Ѓороски, после четири години одлучија да паузираат од натпреварувања во пролетниот дел од сезоната со цел да се појават многу поподготвени и во подобра форма на СП и Арнолд Класик, натпреварување кое годинава ќе се одржи во Мадрид.
-За првпат, после четири години паузирам во пролетниот дел од сезоната. Целта е да се појавам на сцена со нова форма, а за такво нешто е потребно време, па пролетниот дел на некој начин го жртвувам. Подготовките за двата големи настани годинава, Светското првенство и Арнолд Класик, ги почнавме уште пред неколку месеци. Фокусот ни е од овие шампонати да се вратиме со најсјаните одличја. Добро ни е позната конкуренцијата, бидејќи не одиме првпат, туку одиме да го потврдиме тоа што веќе го освоивме минатиот пат, ни отри Мери и додаде:
-Заедно со мојот тренер Бобан Ѓороски, работиме според бараните правила според книга, со малку корекција на формата и поголем кавалитет. Свсесни сме дека многу е тешко да се стигне до врвот, но многу потешко е да се остане таму и да се победиме самите себе. Но, можам да кажам дека сцената е мојот втор дом, за тоа живеам и верувам дека повторно ќе го развиорам македонското знаме и светот пак ќе ја слушне македонската химна, вели Мери.
Славе ТАСЕВСКИ