EPA-EFE/ALEX WROBLEWSKI

Светот на гимнастиката повторно го тресе мега скандал. По бројните обвинувања за сексуална злоупотреба од страна на натпреварувачите, овој пат станува збор за расизам. За да биде приказната полоша, станува збор за расизам во кој било изложено дете!

Инцидентот се случи во март минатата година на натпреварот Гимстарт во Даблин, Ирска, кога сите деца во низата добија медал освен едно црномуресто девојче. Жената која ги делеше медалите едноставно помина покрај неа и ја остави без заслужената награда. Потресната снимка пред неколку дена стана вирална на социјалните мрежи, ја погледнаа милиони луѓе и беше јасно дека Ирската гимнастичка федерација повеќе не може да го мати овој случај под тепих.

Најдобрата гимнастичарка на денешницата и една од најдобрите на сите времиња, Симон Бејлс, се погрижи приказната да добие уште поголем публицитет.

  • Кога се појави ова видео, нејзините родители ме контактираа. Ми се скрши срцето кога го видов тоа, па им испратив мало видео. Нема место за расизам во ниту еден спорт, ниту на друго место, напиша четирикратната олимписка шампионка на социјалната мрежа „Твитер“.