СВЕТОСАВСКИ СВЕЧЕНОСТИ: Денот на Свети Сава прославен и во Македонија

283

Денот на Свети Сава беше прославен во сите области населени со Срби во Македонија – во Скопје, Куманово, Тетово, Битола и со специјални настани во училиштата во кои наставата се изведува на српски јазик во Старо Нагоричане, Кучевиште и Табановце.

Централната Светосавска академија се одржа во Скопје, во Македонскиот народен театар (МНТ), каде што зборуваше премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, беа покровители на церемонијата.

Светосавска беседа одржа српскиот режисер, писател и публицист Драгослав Бокан. Пред присутните се обрати и претставникот на претседателот на претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, д-р. Синиша Каран.

Културно-уметничката програма беше изведена од страна на членовите на Симфонискиот оркестар на Филхармонијата на Република Српска, музичкиот состав Ступови, актерките Слобода Миќаловиќ, Небојша Дугалиќ, Ташана Ѓорѓевиќ и Лазар Дубовац, културно- уметничките здруженија Венец од Грачаница и Српскиот Вез од Куманово …

На свеченоста на која присуствуваа високите претставници на Република Србија, Босна и Херцеговина, Република Српска и амбасадори, Заев истакна дека му претставува посебна чест, што е дел од академијата посветена на еден од најсветлите и најсветите личности во историјата на српскиот народ, Свети Сава.

“Честа не е само поради тоа што имам можност да зборувам пред припадниците на српската заедница во Република Македонија, како и пред истакнатите гости од Република Србија и Република Српска на оваа церемонија, туку исто така, бидејќи делото на Свети Сава инспирира и осум векови по неговата смрт, рече премиерот Заев.

Тој посочи дека определбата на граѓаните на Република Македонија е “да се гради и негува општество еднакво за сите, општество на различни луѓе кои развиваат и воспоставуваат меѓусебна почит меѓу сите етнички заедници во земјата, со истовремено признавање на етнички, национални, верски и културни разлики.”

“Оваа цел е карактеристика на суштината на нашата заедница. Во нашето заедништво, градено со векови српската заедница има направено значителен придонес во духот на Свети Сава”, рече Заев.

На свечената академија во Скопје, се обрати и министерот за одбрана на Србија Александар Вулин. Тој порача дека Србите каде и да живеат ја сакаат земјата каде што се родиле, а народите кои живеат со нив можат и треба да ги ценат , да ги сакаат и да учат од нив, Исто како што и Србите, каде и да живеат, народите со кои живеат треба да ги сакаат, ценат и да учат од нив.

Честитка од Претседателот на РМ Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов упати честитки за националниот празник Свети Сава на српската заедница во Република Македонија, истакнувајќи го нивниот придонес во развојот на мултиетничкото и мултикултурното општество во Македонија.

“Членовите на српската заедница, со своите јазични, етнографски и културни карактеристики го збогатуваат нашето мултиетничко и мултикултурно општество постојано придонесувајќи за напредокот на Република Македонија”, се вели во честитката.

Како што истакна Иванов, благодарение на српската заедница во Македонија, како и македонскиот во Србија, Македонија во својот северен сосед имаат пријател.