Сведочи тетка на Вања

Судење за убиството на Вања и Панче Жежовски

718

Во Кривичниот суд продолжува судењето за убиството на Вања и Панче. На предлог на обвинителството сведочи тетката на девојчето Маја Спировска. Рече дека од почеток таткото на Вања се однесувал како да била организирано грабната, а во еден момент и рекол: “Прати порака на Елон Маск да ја најде преку сателит”. Сведокот потврди дека таткото пратил, па избришал пораката од вибер групата на родители преку која понудил пари за откуп. (П.А)

ИЗДВОЕНИ