Сајмон Ковел ослабна 27 килограми со веганска диета

616

„Она што јадете мора да биде убаво и вкусно, во спротивно брзо ќе се откажете“, вели познатиот ТВ-магнат и сопственик на светското шоу за таленти во музиката, Сајмон Ковел, кој изгуби 27 килограми на веганска диета за 12 месеци. Вели дека се чувствува одлично, има подобра меморија, спие подобро и има многу повеќе енергија. Сепак, Сајмон сега сака да им помогне на другите луѓе да прифатат здрав и енергичен живот заснован на веганска исхрана заснована на растителна храна. Тој подготвува книга со вегански рецепти, наречена „Не е толку тешко“.

„Размислував да објавам книга зашто сите се многу заинтересирани за веганските рецепти што ги практикувам во мојата диета и што ми помогна да го подобрам здравјето, енергијата и изгледот. Таа книга со вегански рецепти ќе биде диетата што јас ја практикувам “.

Тој во моментов е во изолација со партнерката Лорен Силверман и нивниот шестгодишен син Ерик. Сајмон продолжува да ја држи веганска диета на дисциплиниран начин и редовно вежба.

„Јас малку готвам, малку вежбам. Единствената тешка работа е кога мојот син Ерик ќе побара пица „Единствено што ми недостасува е класична италијанска пица“.

Тој започна да го менува својот животен стил и воведе промени откако имаше здравствените проблеми што беа дијагностицирани во 2017 година. Имено, тогаш, поради многу нискиот крвен притисок, слабата крвна слика и вишокот килограми, тој падна по скалите и заврши во болницата.

Поминал на детални лекарски прегледи и анализи па докторот му советувал строга диета, која вклучува целосна елиминација на месо, млечни производи, шеќер, брашно, тестенини, глутен и алкохол.(Л.Г.Д.)