Познатиот македонски актер Сашко Коцев е добитник на наградата „Васил Иљоски“, што ја доделува Советот на фестивалот „Денови на комедија“ – Куманово.
Советот во состав Сашо Тодоровски, Александра Михајловска -Величковски, Владанка Крстевски, Крсто Богојевски, Сефедин Шабани и Цоки Ристовски, одлучија да му го доделат ова признание за особен придонес, во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата.
Наградата ќе се додели на отворањето на фестивалот кон крајот на септември во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.