Саша Поповиќ и Цеца Ражнатовиќ жестоко се скараа среде емисијата „Ѕвезде Гранда“, па тој на шега „ја избрка“, а пејачката веднаш го напушти студиото.
Вики прво го обвини Саша Поповиќ што не и дал доволно време да го изнесе својот став.
– Воопшто не ми се доволни 30 секунди, веднаш да ви кажам. Штом почнам да зборувам, ти го притискаш копчето – рекла Вики, а Поповиќ праша што точно сака да каже.
Набрзо меѓу Поповиќ и Цеца се случи несекојдневна ситуација, а сето тоа поради кандидатот за кој Ражнатовиќ имаше неколку критики, меѓу кои беше и неговиот стајлинг, поточно јакната му беше претесна.
– Добро, Светлана. Можеш да станеш и да му ја тргнеш јакната – и рекол Поповиќ, не сомневајќи се дека таа навистина ќе го направи тоа.
– Мислевте дека нема?! – рече Цеца и излезе на бината да ја поправи јакната на кандидатката. Меѓутоа, после тоа Саша и дал добронамерен совет на Цеци да не се нервира за кандидатите и гласањето.
– Оди си дома! Како се вика вашата слатка? – се пошегува Поповиќ, но пејачката едвај дочека и реагираше бурно.
– Збогум, нема проблем, си одам – рече таа, ги зеде работите и го напушти студиото, а Саша ја молеше да се врати.