Саша Матиќ на гробот на легендарниот Кемал Монтено – Немав среќа другар ми Кемица да пее на мојот концерт во Сараево 

232

Со многу емоции!

Балканскиот пејач Саша Матиќ кој покрај Македонија и Србија има многу фанови и во Босна, неодамна во Сараево го посети гробот на легендарниот ексјугословенски кантавторот Кемал Монтено, кој зад себе остави блистава кариера преполна со незаборавни песни.

Матиќ, во Сараево беше по повод промоцијата на неговиот солистички концерт, кој ќе се одржи следната година, на 8 март на Денот на жените во салата “Зетра„

За време на посетата на босанската престолнина, Саша имаше воедно голема желба да оди на вечното почивалиште на својот долгогодишен пријател и колега.

-Кемал Монтено е легенда, тој беше мој голем пријател, мој вистински колега. Ние и приватно другарувавме, си го имавме муабетот. Спомените на Кемица како што нагалено го ословував, вечно ќе ми останат во моето срце. Жалам и тагувам што така некако наеднаш физички замина. Но болеста го изеде, а тагата е голема кај сите, особено кај оние кои и денес на сите забави и седенки ги пеат неговите песни во знак на почит кон големиот музичар.

Ни еден мој концерт не поминува без некоја негова песна. Да имав среќа тој ќе ми беше посебно драг гостин на мојот сараевски концерт на 8 март. Но, Господ не ми дозволи, изјавил емотивно Саша Матиќ.    Д.М.