Саудиците добија ладен туш од Винисиус Жуниор

81
epa10131196 Real Madrid's striker Vinicius Junior celebrates after scoring the 1-3 goal during the Spanish LaLiga soccer match between Celta Vigo and Real Madrid held at Balaidos Stadium, in Vigo, northern Spain, 20 August 2022. EPA-EFE/Lavandeira

Најдобриот фудбалер во дресот на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Винисиус Жуниор, без многу размислување ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија давајќи дознаење дека нема намера да замине од „Сантијаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми.

Агентите на Бразилецот биле контактирани од делегација од Фондот за јавни инвестиции (ПИФ), дејствувајќи во име на Министерството за спорт на Саудиска Арабија кои му понудиле на 24-годишникот да биде заштитно лице на лигата до стартот на Светско првенство во 2034 година.