Саркисјан побара реакција од ерменските државни органи по денешниот инцидент со Азербејџан

37

Ерменскиот претседател, Армен Саркисјан, денеска ги повика државните органи да преземат мерки против обидот на Азербејџан да го наруши територијалниот интегритет на Ерменија.

-Азербејџанските сили отворија оган кон позициите каде се наоѓаат ерменските воени сили на границата во провинцијата Гегаркуних. Имаше жртви од ерменска страна. Апелирам до соодветните државни структури да вложат максимални напори и да преземат силни мерки против ваквите обиди и прекршувања на законите на границата, како што се заканите и територијалниот интегритет на Ерменија, рече Саркисјан, пренесен од Тасс.

Официјален Баку претходно уште одговори дека тие не пукале врз ерменската армија и дека немаат никаква врска со смртта на еден ерменски војник.

Ерменскиот претседател, исто така, ја повика меѓународната заедница и сите заинтересирани земји „да покажат дека не толерираат вакви дела и да заземат цврст став и да ги осудат азербејџанските постапки“

Претходно, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека еден ерменски војник е убиен при пукање во провинцијата Гегаркуних.