Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед откри дека чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез сака по секоја цена да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.
Крилниот напаѓач не е задоволен од престојот на “Олд Трафорд” и од соработката со норвешкиот стручњак, Оле Гунар Солскер. Големата желба на поранешниот фудбалер на Удинезе, Барселона и Арсенал може да стане реалност само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 25 мил. фунти.