Санкционирани 281 возачи во Скопје

33

Вкупно 281 мерки се изречени вчера само на територијата на град Скопје, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила и девет санкции за управување под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Изречени се 52 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 33 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 33 санкции.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведуваат од Министерството.