Санкционирани 227 непрописно паркирани возила во Центар

28

Јавното претпријатите „Паркинзи на Општина Центар“, Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција во текот на една недела санкционирале 227 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што информираат од ЈП ПОЦ, во периодот од 19.12. до 25.12.2022 година, со помош на нивните специјални возила „пајак“ биле отстранети 99 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 128 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар посочуваат дека секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на општината. Потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.