Санкционирани 149 возачи во Скопје, 64 за брзо возење

33

Во рамки на акциските контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје биле изречени вкупно 149 мерки. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина биле изречени 64 казни, 11 за за возење без возачка дозвола, а 19 за возење под дејство на алкохол.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, биле изречени и три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за нерегистрирани возила, четири за некористење сигурносен ремен…

Од МВР највуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелирааат до граѓаните на почитување на сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.