Санкции за 17 непрописно затемнети стакла на возила

30

Во акциска контрола на територијата на Република  Македонија од 18 до 24 април за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, полицијата санкционира 17 учесници во сообраќајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР, информираат дека продолжуваат засилените акциски контроли и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.