Санирани улиците во Делчево што беа зафатени од поплавите

40

-Источниот регион доби нов лик, буквално да нема патен правец кој не е реконструиран изминативе 6 години, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој со своите колеги, министрите Љупчо Николовски и Каја Шукова, извршија увид на реконструираниот крак од булеварот „Македонија“ во Делчево, кој беше саниран за кратко време по обилните поплави кои го имаа зафатено овој регион.

Преку Министерството за транспорт и врски во Делчево, како што додаде Бочварски, реализирани се голем број проекти во делот на патната и комуналната инфраструктура. преку Проектот за поврзување со локални улици и патишта вложува средства во висина од над 780 илјади евра во општина Делчево, напоменувајќи дека до сега преку овој Проект реконструирани се улиците „Орце Николов“, „Скопска“, ул. „Острец“ и патот кон населеното место Тработивиште.

Вака изгледаше улицата по поплавата

– Во делот на комуналната инфраструктура, комплетно завршивме со реконструкција на водоводната мрежа, како и со проектот за одделување на фекална од атмосферска канализација во населеното место Милково Брдо, со што само во последните 12 месеци инвестиравме над 330 илјади евра. Пред само неколку денови, заедно со градоначалникот Трајковски ги потпишавме и Договорите за реализација на повеќе проекти во градот, како изградба на дел од бул. „Македонија“, потоа за изградба на краци на ул. „Орце Николов“ и за изградба на краци на улиците „3“ и „5“ во населбата Пролет, со вкупна инвестициска вредност од над 14,5 милиони денари – додаде Бочварски.