Најтрофејните клубови во англиската Премиер лига со големо внимание ја следат ситуацијата околу крилниот напаѓач од редовите на германскиот гигант Баерн (М), Лерој Сане. Репрезентативецот на Германија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а тамошните медиуми немаат дилема дека Сане сака повторно да игра во англиската Премиер лига каде што веќе играше во дресот на Манчестер Сити.