Сане и Хавертц се приоритети

55

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), откри дека баварскиот гигант ќе има два приоритети кога е во прашање летниот преоден рок.

Најтрофејниот клуб во Бундес лигата прво ќе се обиде да ги осигура услугите на германскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Лерој Сане, а потоа и тие на големиот талент од редовите на Баер од Леверкузен, Каи Хавертц.

Сане е проценет на најмалку 130 мил. евра, додека Хавертц е проценет на најмалку 100 мил. евра.