Близок извор до таборот на старо-новиот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, откри дека клупските челници седнале на преговарачката маса со раководните лица на Баерн (М), а тема на дискусија е евентуалниот трансфер на германскиот интернационалец, Лерој Сане.

Шампионот на Англија планира за време на летниот преоден рок да се ослободи од услугите на поранешниот фудбалер на Шалке, но официјалната понуда на баварскиот гигант не смее да биде помала од 100 мил. фунти.