Самсоненко останува во Вардар, влегуваат и неколку домапни компании

201

Македонскиот ракометен шампион Вардар, по се изгледа нема да згасне по завршување на сезоната иако рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко најави дека повече не планира да го финансира тимот.

Интернет порталот „Гол.мк“ јави дека Самсоненко би требало да остане мнозински сопственик на РК Вардар и ќе продолжи да инвестира во тимот. Но, прв човек ќе биде поранешниот соственик Михајло Михајловски, кој ќе биде задолќен за финансиите. Русинот ќе има и голема помош од неколку домашни компании кои како акционери веќе го потврдиле своето вложување во клубот.

Веќе е договорен состанок на сите страни, на кој на играчите ќе им биде соопштено дека нема да треба да си бараат нови клубови и дека и во наредната сезона тимот ќе остане ист и ќе атакува на истата цел.

Самсоненко во РК Вардар е од 2014 година, а тимот во овој период стана Европски шампион. Клубот сезонава по трет пат ќе учествува на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Перехлани ја осови титулата, а лани заврши на четвртото место. Противник годинава во полуфиналето на „црвено – црните“ е каталонскиот гигант Барселона. Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Киелце и Веспрем.