Зимските олимписки игри во Пекинг се во фокусот на светската спортска јавност овие денови. Вниманието на медиумите особено го привлекоа две натпреварувачки, Австријката Јанине Флок и Германката Лиза Буквиќ, со тоа што позираа за познатиот машки магазин „Плејбој“.
Јанине Флок ќе ја претставува Австрија во скелетон, спорт во кој спортистите лежат на санки на стомак, додека Лиса Буквиќ ќе се натпреварува за Германија во боб-двосед, откако го освои олимпиското злато на последните Игри.
Со своите разголени фотографии, двете спортистки сакаат да ги охрабрат останатите жени да постигнат позитивна слика за своето тело. Порачале дека пред камера почувствувале голем наплив на адреналин, како пред големо натпреварување.
- Сакам да им покажам на сите дека природното тело може да биде убаво. Она на кое ништо не е направено. Никогаш не сум отишла на пластична операција и останувам на таа одлука. Задоволна сум со телото што го имам. Секоја жена може да се гордее со своето тело, изјави 32-годишната Флок во интервју за германското издание на „Плејбој“, кое ќе излезе во март.
На насловната страна на „Плејбој“ ќе се најде и Лиса Буквиќ. Ниту таа не се срамела да ги покаже своите атрибути, па им испрати порака на дамите дека „секоја жена треба да се фотографира гола и да не се срами од нејзиното тело“.
- Имам неколку мускули повеќе – нели? Сакав да покажам дека и тоа е женско тело. Не морам да кријам дали сум спортистка и дали се натпреварува. Ниту една жена не мора да се крие, изјави 27-годишната Буквиќ.