Кога нашиот сега веќе доста познат пејач Стефан Величковски го откачи Јелена Карлеуша велејќи му дека е арогантен и безобразен, тој за кусо време падна во “прегратките” на пејачката Вики Миљковиќ која е исто така дел од жирито во “Звезде Гранда”. Стефан е сега во Белград и таму учи од Вики како се пее, како се комуницира со медиумите, како со публиката, какви треба да се движењата на сцената, како и многу други работи од професијата на еден пејач кој има за цел да стане многу популарен. Стефан е одличен ученик велат упатените, дисциплинирано ја слуша учителката Вики Миљковиќ. А, кога не е на часовите по музика Стефан е во теретана каде ги држи мускулите дисциплинирано под контрола. Резултатите наскоро ќе ги видиме, па да видиме што сработиле додека учеле Вики и Стефан, што тоа придонеле за естрадата, таа пренесувајќи му го знаењето а, тој упивајќи ги лекциите… Д.М.