Најбогатите клубови во Саудиска Арабија не се откажуваат од намерата да ги осигураат услугите на египетскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Мохамед Салах. Искусниот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а доколку се пресели во С.Арабија поранешниот фудбалер на Рома ќе има годишна плата поголема од таа која моментално ја заработува Кристијано Роналдо.