Салах и Де Бруин повторно ќе играта во ист тим

42
epa10684122 Kevin de Bruyne (L) of Manchester City and Marcelo Brozovic of Inter in action during the UEFA Champions League Final soccer match between Manchester City and Inter Milan, in Istanbul, Turkey, 10 June 2023. EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Договорот на Мохамед Салах со Ливерпул истекува на крајот од сезоната, а како што стојат работите кариерата ќе ја продолжи во друг клуб многу далеку од Англија.

Првите информации сугерираа дека Салах имал огромна понуда од Саудиска Арабија, но се чини дека може да има голем пресврт откако клубот од МЛС се вклучи во трката за неговиот потпис.

Станува збор за Сан Диего, нов клуб кој ќе се приклучи на МЛС во 2025 година и е во сопственост на Мохамед Мансур кој е подготвен да потроши многу пари на засилувања.

Мансур поседува и голема академија за млади фудбалери во Гана, а сопственик е и на тимот Нордсјеланд од Данска.

Сан Диего веќе направи конкретни чекори кога станува збор за засилувањата и го доведе Мексиканецот Хирвинг Лозано, кој ќе заземе едно од трите места во нападот.

Покрај репрезентативецот на Египет, Сан Диего сака да го доведе и белгискиот интернационалец Кевин Де Бруин, на кого исто така му истекува договорот со Манчестер Сити на крајот од сезоната, а играчот за врска се уште размислува што е најдобро за него.

Секако, во целата приказна мора да се вклучат и неколку клубови од Саудиска Арабија кои се подготвени на Салах и на Де Бруин да им понудат богати договор и на тој начин да ги преселат во Саудиска Арабија.

Останува да видиме какви одлуки ќе донесат Мо Салах и Кевин де Бруин, но сигурно ни претстои многу интересен јануари, а потоа и следното лето.