Сопствениците на богатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал Хилал, своето внимание го насочија кон најдобриот фудбалер во дресот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Мохамед Салах, открија британските медиуми. Истите извори трврдат дека челниците на Ал Хилал веќе оствариле контакт со раководните лица на Ливерпул и со агентот на Салах и дека спактакуларниот трансфер би требало да се реализира за време на летниот преоден рок.