Британскиот таблоид „Мирор“ ја пласираше и информацијата дека најдобриот фудбалер на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Мохамед Салах, сака својата кариера да ја продолжи во редовите на каталонскиот гигант Барселона. Искусниот напаѓач веќе ги информирал челниците на Барселона дека планира да се пресели на „Ноу Камп“ но тоа ќе се случи на крајот од новата клупска сезона кога ќе има статус на слободен фудбалер.