Министерот за спорт Борко Ристовски и премиерот Христијан Мицкоски, ја најавија реконструкцијата на спортската сала „Расадник“.
-Денеска на овој би рекол за нас посебен момент, бидејќи сепак нешто коешто со децении е оставено да пропаѓа со времето сега започнува да се реновира, реконструира, да добива еден нов современ, модерен лик, којшто ќе биде дом на многу спортски клубови. Еве слушнавме и од градоначалникот, дека можно е ракометниот клуб „Вардар“ да се пресели овде и ова да биде, официјален дом на ракометниот клуб „Вардар“. Она што јас можам да го кажам како претседател на Владата е дека ќе продолжиме да инвестираме. Капиталните инвестиции и реализацијата на капиталните инвестиции за нас претставува прв приоритет, кажа Мицкоски.
Сакам да изразам голема благодарност што тука денеска заедно со градоначалникот и со министерот за спорт се и граѓаните коишто можат да посведочат на еден почеток на работа, на реконструкција на овој спортски храм, којшто наскоро треба да биде. Тие се сведоци на сите ветувања во минатото коишто за жал не биле исполнети.
Да аплаудирам на посветената работа и на министерот и на градоначалникот. Едниот во Министерството за спорт, другиот тука во Општината. На советниците, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, пратениците и сите добронамерници, бидејќи навистина можеме со дела да покажуваме колку си ја сакаме татковината и јас мислам дека тоа е вистинскиот начин како треба да се однесуваме како луѓе коишто во одреден период во својот живот во политиката имаат можност да остават трајни вредности, додаде Мицкоски