Сакаш да бидам сериозен?!

123

Легендарниот фудбалер на Милан и консултант на раководството на клубот од „Сан Сиро, Златан Ибрахимовиќ, гостуваше кај ѕвездата на „YouTube“ –  Ishow Speed. По средбата, на која Speed пристигна во потпишаниот дрес со бројот 11 на поранешниот репрезентативец на Шведска, јутјуберот направи пренос во живо со планетарно популарниот Ибракадабра.

Меѓу прашањата што му ги постави беше и тоа кое е вечна дилема за сите фудбалски фанови: „Роналдо или Меси?“. Ибрахимовиќ со својот одговор требаше да биде уште еден од оние кои би требале да стават крај на дилемата околу тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња, но Ибра повторно одговори во свој стил.

Златан е познат по својот балкански хумор, но и по самодовербата, па во јавните настапи често се истакнуваше како најдобар играч на светот.

И овој пат одговорот беше ист. На прашањето „Роналдо или Меси? тој одговори: „Златан“. Јутјуберот потоа со израз на лицето го принуди Ибрахимовиќ да даде нов одговор. „Сакаш да бидам сериозен? Златан“, му одговори уште еднаш Ибрахимовиќ.