Украинскиот пливач Михаило Романчук го освои златниот медал на 1.500 метри слободно на Европското првенство во Рим. Тој го постигна најголемиот успех во кариерата со резултат 14:36.10 минути. Италијанецот Грегорио Палтриниери го освои сребрениот медал (14:39.79), додека трет заврши Французинот Демиен Жоли (14:50.86).

Романчук беше актуелен во последните неколку месеци поради својата одлука да ѝ се приклучи на украинската армија во војната против Русија. Тој бил толку решен да војува против Русија што дури и му ја соопштил својата одлука на семејството.

Сепак, не се случи тоа, па тој место во рововите на истокот од својата земја, го мина ова лето во базенот на Европското првенство, каде што го освои златото.

– По многу дискусии, заклучивме дека воопшто не можам да помогнам со оружје – вели Михајло, кој бил подготвен да волонтира.