Сакам да го нокаутирам Хабиб Нурмагомедов

62

Нејт Дијаз се врати во УФЦ на настанот во Аризона, беше во аголот на Крон Грејси, кој успеа да дебитира со победа во УФЦ.  Но, поинтересно беше по завршувањето на борбата кога Нејт беше запрашан дали сака да се бори, при што категорично рече дека ќе се врати што е можно поскоро и дека многу сака`борба со Хабиб Нумагомедов.

  • Разговаравме со Шон Шелби и му реков дека сакам да се борам што е можно поскоро. Навистина сакам да се борам со Хабиб. Објавете дека ќе се борам со него, затоа што се бориме. Тој веќе има пораз од мене, изјави Дијаз

Нејт алаудира на инциденот на Хабиб и неговиот тим со браќата Дијаз пред неколку години на настанот на ВСОФ. Дури и денес не можат да разберат кој беше подобар во мешаницата. Зад сцената во Аризона, Нејт ѝ рече на Меган Оливи дека ќе се врати, но Дин Вајт не верува:

  • Нејт не се борел од 2016 година, кога загуби со одлука на судиите од Конор Мек Грегор и не верувам дека ќе се враит, вели Вајт