Сакам да бидам тренер на Милан

121

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина и легендарен напаѓач на Милан, Андри Шевченко, откри дека сака еден ден да биде и тренер на седумкратниот европски клупски шампион.

Благодарение на неговите погодоци, Милан во 2003 година го освои трофејот во Лигата на шампиони, но и покрај големата желба да се врати на „Сан Сиро“, популарниот Шева додаде дека „росонерите“ треба и во следната сезона да биде предводени од актуелниот шеф на стручниот штаб, неговиот поранешен тимски колега, Џенаро Гатузо.