Меѓународната недела на граѓанското општество во Битола ќе се одбележи со Саем на невладини организации, чиј домаќин и организатор на битолската граѓанска организација е СФЕРА Македонија.
На вчерашниот Саем во Битола се претставија Здруженија од Битола кои работат со млади, кои нудат волонтерски можности за граѓаните и кои преку реализација на активности прават промена во општеството, посочи Милчо Дули, претседател на СФЕРА Македонија.
-Во текот на минатиот месец направивме истражување меѓу младите за нивната вклученост во локалните здруженија и како тие придонесуваат за промени во градот, но од тој резултат не сме задоволни. Не сме задоволни и од бројката на заинтересирани за пополнување на анкетата како и од добиените резултати за нивната вклученост во секојдневниот живот. Резултатите од истражувањето и дискусијата со младите ќе биде пренесена на интернационална Конференција за активно Граѓанско општество, која ова година ќе се одржи во Белград, и каде што наш претставник ќе има шанса да пренесе и да слушне искуства од разни држави од светот за нивните локални активности со млади и и нивната вклученост, најави Дули во пресрет на денешниот Саем во Битола.