Флоријан Вирц има 21 година и веќе е светска фудбалска ѕвезда. Офанзивниот играч за врска го носи дресот на Баер од Леверкузен и неговата пазарна вредност е над 100 милиони евра.
Младиот Германец пред неколку месеци се споменуваше како нов играч на Реал (М) каде треба да дојде заедно во пакет со тренерот Чаби Алонсо.
Исто така, Баерн (М) не се откажа од неговиот потпис и веќе го подготвуваше теренот за неговиот трансфер.
Сепак, таквото сценарио нема да се случи бидејќи „Kicker“ донесе големи вести за иднината на новото чудо на германскиот фудбал.
И покрај тоа што беше поврзуван со далеку помоќните и побогатите Баерн и Реал, Вирц изненадувачки реши да ја продолжи својата лојалност кон Баер Леверкузен.
„Кикер“ објави дека Вирц го продолжил договорот со „фармацевтите“ на уште една сезона, односно потпишал договор до летото 2028 година.
Младиот Германец очигледно смета дека се уште не напреднал доволно за да направи чекор кон Баерн или Реал и дека му претстојат уште многу години кариера.
Тој ќе го носи дресот на Баер барем уште една сезона и ќе продолжи да се развива како играч на „БајАрена“, а овој потег секако е сериозен удар за Реал и Баерн.
На крајот пресудна беше неговата заложба за дресот на „фармацевтите“, но далеку од тоа дека целата работа ќе биде многу евтина за шампионот на Германија.
Со продолжувањето на договорот, Вирц ќе стане најплатениот играч во историјата на Баер, бидејќи неговата плата ќе биде нешто помала од 20 милиони евра.