Саботажа во Русија? Пожар во воен комплекс, оштетен и железнички мост/ФОТО

205
Фото: Facebook

Едно лице е повредено во пожар што избувна во воен комплекс во јужниот руски град Белгород на границата со Украина, изјави во неделата гувернерот на Белгородската област.

Гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека локален жител се здобил со полесни повреди и не е во животна опасност. Тој кажал и дека во пожарот се оштетени седум згради, пренесува Дневник.хр.

Од Министерството за одбрана не се изјаснија за инцидентот, па не се познати причините за пожарот. Ројтерс не беше во можност да ја потврди вистинитоста на изјавата.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа облак од чад кој се издига над градот.

На железничкиот мост во областа Курск на границата меѓу Русија и Украина во неделата е откриено делумно уривање на конструкцијата, а гувернерот на тој регион Роман Старовојт изјави дека станува збор за саботажа.

Оштетувањето е откриено на 67-от километар од пругата Судџа-Соснови Бор.