Руски дронови детектирани на небото над Романија? Паника на истокот на Европа, расте опасноста од ескалација

611

Романските воени радари откриле можно нарушување на националниот воздушен простор за време на ноќен напад на руски беспилотни летала врз цивилната инфраструктура во Украина, соопшти романското Министерство за одбрана.

Фрагменти од неидентификувани авиони или проектили беа пронајдени трипати на романска територија овој месец.

„Радарскиот систем на романската армија утврди можно неовластено нарушување на националниот воздушен простор, а сигналот е откриен на пат кон градот Галати“, соопшти Министерството за одбрана.

На терен се испратени експерти за да утврдат што се случило, додаваат од министерството.

„Досега не се идентификувани паднати предмети на националната територија. Потрагата ќе продолжи и денеска“, соопшти Министерството.

Телефонски предупредувања беа испратени до жителите на окрузите Тулче и Галати кога беа откриени беспилотни летала на летот за Украина недалеку од романската граница.

Предупредувањето до населението да се засолни е една од неколкуте мерки што Романија ги презеде за да ја зголеми заштитата откако на нејзина територија беа пронајдени делови од беспилотните летала, покрај зголемувањето на бројот на патроли и набљудувачки пунктови и проширување на зоната за забранети летови долж дел. на границата со Украина.

Претставници на Романија и на НАТО посочуваат дека нема докази дека руските напади во близина на границата се намерен напад врз Романија, но ги сметаат за непромислени и дестабилизирачки.