Руска театарска режисерка и драматург осудени за „заговарање туризам“ за претстава поддржана од министерството за култура

124

Судот во Русија денеска ги осуди театарската режисерка и драматургот Жења Беркович и Светлана Петричук на по шест години затвор за наводно заговарање тероризам.

Властите тврдеа дека нивната претстава „Финиста, храбриот сокол“ го оправдува тероризмот, што е кривично дело во Русија за кое се казнува до седум години затвор.

Беркович и Петријчук постојано ги отфрлаа тие обвинувања.

На едно рочиште, Беркович пред судот изјави дека претставата ја поставила за да спречи тероризам, а Петријчук го повтори нејзиниот став, велејќи дека го напишала за да спречи настани како оние што се прикажани во претставата.

Адвокатите истакнаа дека претставата е поддржана од Министерството за култура на Русија и дека ја добила наградата Златна маска, најпрестижната национална театарска награда во Русија.

Во 2019 година, претставата беше изведена пред затворениците во женскиот затвор во Сибир, а Руската државна казнено-поправна служба ја пофали на својата веб-страница, рече нивниот адвокат.