Службата за безбедност на Русија ФСБ објави дека успеала да спречи серија обиди за атентат врз високи воени команданти кои учествувале во инвазијата на Украина. Според Центарот за односи со јавноста и специјални служби, нападите ги подготвиле украинските специјални служби.
„Како резултат на преземените мерки, приведени се четворица руски државјани кои учествувале во подготовката на споменатите атентати“, се наведува во соопштението.
Руската државна новинска агенција РИА Новости пишува дека експлозивна направа „маскирана“ уред за полнење батерии (power bank) била наменета да убие висок воен офицер. За да го изврши овој терористички напад, во ноември во Москва пристигнал агент на украинската специјална служба, руски државјанин кој постојано престојува во Украина од 2020 година. Тој дошол преку Молдавија под маската на депортација.
Од скривалиштето требало да земе маскирана бомба и да ја постави под службениот автомобил на еден од водачите на руската армија.
“Украинските специјални служби имаа намера да изведат експлозија од далечина. После тоа, на агентот му беше ветено патување во Украина, а оттаму – во една од земјите на ЕУ. Подготовката на терористичкиот напад ја координирала и сопругата на агентот, која живее во Миргород, Русија“, пишува РИА Новости.
ФСБ тврди дека украински агенти планирале да кренат во воздух уште еден висок офицер со бомба маскирана како папка со документи што требало да му ги достават двајцата приведени.
Исто така, се наведува дека тие ја пронашле експлозивната направа во скривалиште во регионот на Москва користејќи ги координатите што наводно ги дал Виталиј Рагоза, украински државјанин кој работи за украинските специјални служби и живее во Полска.
Кај уапсените биле пронајдени рачно изработени експлозивни направи и уреди за комуникација. Компонентите на бомбите се испорачани во Русија во електрични апарати, алати и автоделови, соопшти Центарот за односи со јавноста.
Инспекторите на ФСБ отворија кривични предмети против уапсените под обвинение за нелегална трговија со експлозиви и експлозивни направи, подготовка на терористички напади и предавство. Тие се соочуваат со доживотен затвор.
Украина се уште не реагирала на овие наводи. Претходно, украинската разузнавачка служба СБУ го уби генерал-полковник и шеф на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана Кирилов во Москва пред неговиот стан со активирање на бомба закачена на електричен скутер.