Руската полиција откри украдени дијаманти вредни три милиони долари

150

Руската полиција пронајде украдени дијаманти вредни околу три милиони долари и преку 2,5 милиони долари готовина во станови и куќи на криминална група која дејствува во рамки на производителот на дијаманти „Алрос“, кој е под контрола на државата, соопштија денеска руските власти.

Од „Алрос“, најголемиот светски производител на необработени дијаманти, потврдија дека службите за безбедност откриле дека има кражба на дијаманти во одделението за сортирање и оценување.

Осомничените се уапсени минатиот четврток и тоа додека се обидувале да украдат уште една количина дијаманти вредни повеќе од 22 милиона рубљи (340.000 долари).

За време на истрагата пронајдени се уште дијаманти и готовина, како и накит и десетина часовници обвиткани со дијаманти.