Руската банка ВТБ, втора по големина во таа земја, денеска соопшти дека во 2022 година направила загуба од седум милијарди евра, што е последица на санкциите „без преседан“ што беа воведени поради руската офанзива во Украина.
Посебно беше нагласено нејзиното исклучување од меѓународниот платен систем Свифт.
„Во 2022 година, Групацијата ВТБ се соочи со невидени тешкотии и предизвици. Станавме прва цел на максималните можни санкции што доведоа до големи загуби“, вели Дмитри Пјанов, финансиски директор во соопштението.
ВТБ наведе дека има загуба од 612,6 милијарди рубљи или околу седум милијарди евра по тековниот курс по 2021 година кога оствари нето добивка од 327,4 милијарди рубљи.