Русија ќе го тужи Nestle поради откриено ГМО во овесните каши

157

Рускиот регулатор за заштита на правата на потрошувачите Rospotrebnadzor, започна прекршочна постапка против компанијата Nestle Русија, откако пронашол генетски модифицирана папаја во инстант овесната каша на таа компанија.

Според тврдењата на Rospotrebnadzor, производителот знаел дека состојките во неговиот производ “Бистров” не ги исполнувале пропишаните услови и не го информирале регулаторот за тоа, пренесува Russia Today.

Некои руски медиуми објавиле дека Rospotrebnadzor го отстранил тој производ од продажба.

Од Nestle изјавиле дека веднаш штом станале свесни за “случајното присуство на ГМО во тој производ”, го запреле нивното производство.

Nestle има силна позиција на рускиот пазар за житарки за доручек, но и силна позиција на пазарот во инстант кафето, какао, храна за бебе и други производи.