Русија подготвува повисоки даноци за оние кои ја напуштиле земјата

37

Вјачеслав Володин, претседателот на парламентот на руската Дума, рече дека неговиот долен дом подготвува легислатива со која ќе се зголемат даноците за луѓето кои ја напуштиле земјата.

„Реално е да се укинат привилегиите на оние кои ја напуштија Руската Федерација и да се воведе зголемена даночна стапка за нив. Работиме на соодветни измени во законодавството“, напиша Володин на комуникациската платформа „Телеграм“.

Не е познат бројот на Руси кои ја напуштиле земјата од почетокот на инвазијата на Украина.

Некои локални медиуми објавија дека до почетокот на октомври земјата ја напуштиле до 700.000 луѓе, откако во септември беше најавена мобилизација на до 300.000 војници. Властите тогаш ја отфрлија таа проценка.

Работодавачите автоматски одбиваат 13 отсто данок на доход од платите на своите вработени. Русите кои работат во странство и се руски даночни обврзници мора да плаќаат даноци независно, според Руската Федерална даночна служба.

„Сите знаеме зошто побегнаа. Оние кои сфатија дека направиле грешка веќе се вратија. Останатите треба да разберат: огромното мнозинство од општеството не го поддржува нивниот чин и верува дека ја предале својата земја, роднините и пријателите“, рече Володин.