Русија повторно на удар на ВАДА

45

Четворица руски натпреварувачи во боб-санкање беа дисквалификувани на две години – до декември 2020 година, поради нарушување на антидопинг правилата за време на Олимпијадата во Сочи во 2014 година.

Меѓу четворицата е и претседателот на Руската Федерација во боб-санкање, Александар Зубков, кој го носеше знамето на Русија за време на церемонијата на отворањето на Игрите. Зубков освои две златни медали во Сочи, но тие му беа одземени поради допинг.

Останатите тројца санкционирани спортисти се Александар Касјанов, Алексеј Пушкарев и Илвир Хузин.

Казната е наметната од страна на Меѓународната федерација во боб-санкање.

Четворицата имаат право да ја оспорат санкцијата пред Спортскиот арбитражен суд во Лозана.