Русија му испраќа 24 милиони дози од својата вакцина на Мексико

72

Мексико ќе добие 24 милиони дози од руската вакцина Спутник V против Ковид-19, изјави мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор.

– Разговаравме со рускиот претседател Владимир Путин и му се заблагодарив на неговата одлука да ни испрати 24 милиони дози од вакцината во следните два месеца, напиша Обрадор на Твитер, кој од вчера е позитивен на коронавирус.

Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека очекува од Русија дозвола за испорака на вакцината Спутник V.

Руската вакцина се уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА) и од мексиканските санитарни власти.

Во Мексико единствено е одобрена американско-германската вакцина Фајзер/БиоНТек.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус во земјата се потврдени 1.763.219 заразени лица, од кои речиси 150.000 починале.

Извор:МИА