Русија и Украина заменија воени заробеници: Емотивни сцени, солзи и насмевки/ФОТО

434
Foto: Printskrin/Telegram/Volodimir Zelenski

Русија и Украина разменија воени заробеници.

Украина врати 49 воени лица и цивили од руско заробеништво, објави на Телеграма претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Уште едно враќање на нашиот народ, кое постојано го чекаме и на кое постојано работиме“, напиша Зеленски под фотографиите на ослободените воени заробеници.

Андриј Јермак, шефот на Кабинетот на претседателот, преку Телеграма објави дека меѓу ослободените има 15 војници на Националната гарда, 13 војници на морнарицата, четворица војници на државната гранична служба, шест војници на украинските вооружени сили, двајца војници на територијалната одбрана, вработени во Националната полиција. и седум цивили.

23 приватници и подофицери, 19 офицери“, напиша тој.

Најголем број украински затвореници во оваа размена биле жени, пишува Киев пост.