Русија: Да бидат казнети иницијаторите на бомбардирањето на Југославија

41
Children are diagnosed with cancer and diabetes because of NATO bombs

Русија усвои документ по повод претстојната 20-годишнина од почетокот на НАТО-бомбардирањето на Југославија во кој се наведува дека иницијаторите на тоа злосторство мора да одговараат.

Во документот што го усвои Горниот дом на рускиот парламент е наведено дека таа воена операција негативно се одразила на понатамошниот развој на заемните односи и довербата меѓу европските држави, а неказнувањето на одговорните довело до нови трагедии во Сирија, Ирак и Либија, пишува Спутник, а пренесе Танјуг.

Во документот стои дека за жал лекциите не се научени и НАТО продолжи да користи воена сила во други суверени држави – Ирак, Либија и Сирија, а денес истото им се заканува и на Венецуела, Куба и Никарагва.

Руските пратеници од Горниот дом потсетуваат дека НАТО во бомбардирањето на Југославија користел муниција полнета со осиромашен ураниум, што предизвика многубројни цивилни жртви.

-Покрај тоа, признавањето на независност на Косово, што следуваше во 2008 година од низа земји од Западот, претставуваше само продолжение на тоа што го започна НАТО – поддршка на сепаратизмот и конфликтот на територија на поранешна Југославија, се наведува во документот.

Русија ги повика парламентите од државите ширум светот, но и меѓународните организации, како и Европскиот парламент да ја осудат агресијата на НАТО против Југославија и да преземат чекори за да ги санираат последиците.